Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика во секој момент треба да ги објави новите цени на горивата по кои тие ќе се продаваат од ноќеска на полноќ. Имајќи ги предвид движењата на цената на нафтата на берзите за очекување е од утре да се вози со поевтино гориво.
Во моментов дизелот има највисока цена во последните 3,5 години и се продава за 98,5 денари по литар. Последен пат поскап дизел сме имале на почетокот на ноември 2022та додека неговата највисока цена во историјата е регистрирана пред 4 години кога се продаваше и за 111 денари по литар. Во истиот период најскапо се продаваше и бензинот кој тогаш се точеше за 110 денари.
На светските берзи, суровата нафта од типот Брент во моментов се движи нешто под 85 долари за барел што е значително поевтинување откако во текот на минатата недела се тргуваше по цени кои надминуваа 93 долари. Владата за оваа недела најави нова анализа на цените по што ќе се носи одлука за евентуално воведување на мерки.
Ново на Сител
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
