Од полноќ дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за еден дена за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 79, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 81 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за половина денар се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и ќе изнесува 79,5 денари. За 1,372 денари за килограм поевтинува и Мазутот М-1 НС и ќе чини 39,283 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,33 отсто, кај дизелот за 2,171, кај екстра лесното масло за 0,851 и кај мазутот за 4,565 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146 отсто.
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
