Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата

Од денеска почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.
Возачите кои нема да ја почитуваат оваа обрска, ќе бидат казнети со 45 евра во денарска противвредност или со 25 негативни бодови.
Под зимска опрема на моторни возила со дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм. или летни гуми на сите тркала со длабочина од најмалку 4 мм, доколку возилото во приборот има синџири за снег.
Моторните возила со погон на четири тркала потребно е да имаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина од 6 мм. или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од најмалку 4 мм, ако во возилото има синџири за снег. - Во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина, информираат од МВР.
За возилата кои се потешки од 3.500 кг. како зимска опрема се сметаат зимски гуми со минимална длабочина на шарите од 6 мм или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите од минимум 4 мм, доколку во возилото има синџири за снег. Автобусите и товарните возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег, треба да имаат зимски пневматици и припарен алат, односно лопата.
Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Ново на Сител
-

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
