-->
-->
Од 31 август нема да можете да користите „Фејсбук“ ако ја имате оваа марка на телефон
-->

По најавата дека корисниците на „блекбери“ веќе нема да можат да ја користат апликацијата „Ватсап“, од „Фејсбук“ доаѓа уште една разочарувачка вест. Имено, социјалната мрежа „Фејсбук“ реши по 31 август да престане да пружа поддршка за својата официјална апликација на уредите „блекбери“.
За сета среќа, сопствениците на „блекбери“ нема во потполност да останат без пристап на социјалната мрежа, откако „Фејсбук“ ќе ја укине официјалната поддршка за својата апликација.
Од „Блекбери“ порачуваат корисниците да почнат да ја користат веб-верзијата на „Фејсбук“ бидејќи е во прашање најдобра алтернатива.
-Дадовме сѐ од себе заедно со „Фејсбук“ да ги смениме работите, но овојпат се чини дека одлуката е конечна. И покрај овие лоши вести, напорно работиме на нашите корисници да им пружиме најдобро корисничко искуство и бараме алтернативни решенија, соопштија од „Блекбери“.
На почетокот на месецот, чет апликацијата „Ватсап“, која се наоѓа во сопствеништво на „Фејсбук“, исто така, најави дека корисниците на уредите „блекбери“ нема да можат да ја користат, освен ако не го поседуваат моделот со андроид „прив“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
