Од 1 мај Фејсбук ќе се плаќа

Друштвената мрежа Фејсбук одлучи од 1 мај да воведе месечна претплата која ќе чини 7 евра. Сепак, тука има и нешто добро за корисниците кои редовно го користат Фејсбук со години ќе добијат еднократна надокнада од 156 евра, доколку го користат секојдневно. Поточно доколку во последно време имале макар една дневна интеракција, лајкување, коментирање, објавување статус и слични активности.
Оваа одлука лично ја донел основачот на Фејсбук, Марк Закерберг.
Во условите за користење, кои скоро никој не ги чита, постои секција во врска со плаќањето, која овозможува Фејсбук од корисницте да побара да платат за секој месец користење, дури и пред преплатата да биде официјално воведена.
Претплатата која ќе чини 7 евра, ќе може да се плати со кредитна картичка, СМС порака или директно во претставништвото на Фејсбук.
Оваа одлука на Закерберг сигурно лошо ќе се одрази на популарноста на компанијата, па може и да се очекува драстичен пад на бројот на корисници.
Како оваа ситуација ќе се одвива и дали Фејсбук ќе ја намали или укине претплатата, ќе видиме во наредните недели. Останува да видиме и дали можеби се работи за првоаприлска шега?!
Ново на Сител
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред бугарската амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
