Обвинителство поведе постапка против лице осомничено дека со камен го скршило стаклото на вратата на бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка против 55-годишно лице, осомничено дека на 11 јануари со камен го скршило стаклото на вратата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Осомничениот, како што наведува Обвинителството, „од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се оддалечил во непознат правец“.
- Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор со образложение дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и основано стравување дека осомничениот би можел да го повтори делото - стои во соопштението.
Според Обвинителството, лицето сторило кривично дело оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичниот законик.
МИА
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
