Обвинителите ќе бараат смртна казна за напаѓачот во Тексас

Американски обвинители подигнаа обвинение за убиство против напаѓачот од Тексас кој уби 20 луѓе и бараат смртна казна. Властите во државата го водат тој напад како случај на домашен тероризам.
Осомничениот Крусиус е 21-годишен белец од Ален, Тексас. Поднесено е обвинение за убиство, за да може да биде во притвор и индивидуални обвиненија ќе бидат поднесени подоцна за секој убиен и ранет.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека нападот во саботата се чини дека е злосторство од омраза, а полицијата, од манифест за кој сметаат дека е на вооружениот напаѓач, смета дека крвопролевањето е расно мотивирано. Нападот беше извршен во дел од градот со мнозинство латиноамериканско население.
Државниот обвинител Џон Баш изјави дека ќе бара смртна казна за осомничениот Патрик Крусиус, доколку биде прогласен за виновен и дека федералните власти го третираат масакрот како случај на домашен тероризам.
– Ние ќе го сториме она што им го правиме на терористите во оваа земја, ќе обезбедиме брза и безбедна правда, изјави Баш на прес-конференција.
Само 13 часа по масакрот во Тексас, во Охајо се случи уште едно масовно пукање, каде напаѓач уби девет лица и рани 27 во историско градско подрачје пред да биде застрелан од полицијата.
Ново на Сител
-

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
