Обвинение за убиство за маж кој ја убил жената со која живеел невенчано
Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „убиство“ според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, обвинетиот,во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот жената со која живеел во вонбрачна заедница.
– На 03.08.2019 година, во куќа на улицата „Гарибалди“, настанала вербална расправија меѓу двајцата, при што обвинетиот со остар предмет и нанел на оштетената две убодни рани во пределот на вратот, а со тап предмет ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе тешки телесни повреди – скршеници и подливи. Како последица на нанесените повреди, оштетената починала, стои во соопштението.
Воедно, до Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците, а особено имајќи ја предвид висината на запретената санкција за кривичното дело кое му се става на товар.
Ново на Сител
-

Андоновски: Македонија го добива првиот центар за ВИ „Везилка“
-

УНИЦЕФ: Повеќе од милијарда деца изложени на повеќекратни климатски ризици
-

СП 2026: Уругвај избегна пораз од Саудиска Арабија
-

Зеленски: Заедно со Трамп му предложивме на Путин средба во САД, сега чекаме одговор
-

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат
-

Премиерот Мицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово
-

Бразилец тренер на Чикаго Булс
-

СП 2026: Египет поведе, Белгија изедначи – дуелот заврши без победник
