Македонија
18. September 2019 - 8:42

Обука за новата надлежност на Институцијата-пријател на судот

Во организација на канцеларијата на Народниoт правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска и утре во Велес, ќе се одржи дводневна работилница/обука на која ќе се дискутира за новата надлежност на Институцијата-пријател на судот.

На работилницата ќе се разгледува начинот на постапување во случаите кога Народниот правобранител дејствува како пријател на судот, начините на подготовка на поднесоците, а искуствата во поглед на функционирањето на овој мандат во канцелариите на Народниот правобранител во Словенија и Хрватска ќе ги пренесат претставниците на овие канцеларии, Миха Хорват и Тена Шимоновиќ Еинволтер.