-->
-->
ОБНОВЕНО: Седум повредени во сообраќајка на патот Езеро Младост - Велес
-->

Седум лица од кои три девојки, две жени и две момчиња се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 12 часот на патот Езеро Младост - Велес. Сите повредени се вон животна опасност и се оставени на лекување и опсервација во Хирушкото одделение при велешката Општа болница, велат од велешката служба за Итна помош.
Како што информира за МИА Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, сообраќајката се случила околу 12 часот на патот Езеро Младост – Велес на надолнината каде се судриле две возила кои по судирот се превртиле во шанец.
- Екипи на СВР Велес се на местото на настанот и истрагата е во тек, информира Стојковска.
Д-р Василка Пановска од службата за Итна помош во Велес, информира за МИА дека кај нив сообраќајката била пријавена во 12:15 часот по што веднаш со две екипи и две возила се упатиле на местото на несреќата.
- Сите седуммина повредени се вон животна опасност. Веднаш по укажаната прва медицинска помош сите повредени ги транспортиравме во Хирушкото одделение при Велешката болници каде ги превзеде тим од искусни лекари хирурзи и ортопеди, изјави д-р Пановска.
Според првичните прегледи, додаде, повредените се со скршеници на клучна коска, болки во главата и кичмата, нагмечување на лева потколеница, а некои и со болки во вратот.
- Сите пациенти треба детално да се снимаат на рентген и детално да се прегладаат во Велешката болница, за да се види каква е нивната внатрешната состојба и дали можеби имаат и внатрешни повреди, потенцира д-р Пановска.
Во сообраќајката се повредени три девојки и две жени и две помлади момчиња. Повредените се на возраст од триесетина и дваесетина години, а има и една повозрасна жена од 40 тина години.
Од АМСМ информираат дека од 14:15 часот сообраќајот на локалниот пат Велес - Езеро Младост е нормализиран, претходно сообраќајот беше во прекин поради сообраќајката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
