Обновена фасадата на Државното музичко училиште во Битола

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети општина Битола, каде се реализираат бројни проекти, меѓу кои и обновата на фасадата на Државното музичко училиште.
Обнoвaтa нa фaсaдaтa нa училиштето е вo рaмки нa прoектoт зa oбнoвa нa стaрите грaдски јaдрa.
Канческа-Милевска информира дека за обнова на фасадата на Државното музичко училиште во Битола, Министерството за култура вложи 3,3 милиони денари. Во овој период, како што рече, се конзервираат и реставрираат фасадите на гимназијата „Јосип Броз Тито“ и битолскиот Безистен.
- Објектот на Државното музичко училиште во Битола, изграден во периодот на Отоманската империја во 1907 година, е заштитен споменик на културата. Прекрасната фасада е целосно завршена и вратен е автентичниот лик и сјај на објектот. Министерството за култура ќе продолжи со обнова на фасади на објекти низ државата бидејќи тоа е долгорочен проект на Владата. Во Битола в година ќе се реконстрираат неколку нови фасади, меѓу кои и спомен-куќите на Гоце Делчев и Стив Наумов, посочи Канческа-Милевска.
Конзервацијата и реставрацијата на фасадата на Државното музичко училиште во Битола ја извршија екипи на Заводот и музеј-Битола и стручни лица од италијанската компанија „Мапеј“, кои првпат во Македонија користеле традиционални материјали, односно варов малтер.
Ново на Сител
-

Ново поскапување на горивата од понеделник, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба
-

Нови субвенции за жителите на Карбинци
-

Одлична атмосфера на првиот ден од Пиво фест во Прилеп, вкусна скара, ладно пиво и музика за сите вкусови
-

Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?
-

Мицкоски за извештајот за владеење на правото: Ќе критикувам додека не видам резултати
-

Aвтопатот Охрид - Кичево готов најдоцна следната година
-

Откриени шест римски вили на трасата на гасоводот меѓу Македонија и Грција
-

Сител на терен: Даночни инспектори ги тресат Камените Кукли, овој пат со полициска придружба
