Објавена првата фотографија од преговорите меѓу Русија и Украина

Започнаа преговорите меѓу Русија и Украина, кои се водат во главниот град на Белорусија, Минск.
Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи на почетокот на разговорите им се обрати на руската и на украинската делегација. Тој им посака добредојде и рече дека треба да се чувствуваат целосно безбедно.
Почитувани пријатели, претседателот на Белорусија ме замоли да ви посакам добредојде и да обезбедам сè за вашата работа, како што е договорено со претседателот Зеленски и претседателот Путин. Можете да се чувствувате целосно безбедни овде. Тоа е наша света должност“, рече Макеи.
Претседателот Лукашенко искрено се надева дека за време на денешните разговори ќе биде можно да се најдат решенија за сите прашања од оваа криза. Сите Белоруси се молат за ова. Сите предлози, во однос на организацијата на денешниот состанок, ќе бидат разгледани и апсолутно исполнети. Ние со нетрпение очекуваме до резултати“, додаде тој.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
