Објавена долгорочна прогноза за пролетта - нема да ви се допадне
Потоплите пролетни температури многу луѓе ќе ги дочекаат со воодушевување, но тие, во одредени делови на Европа, особено на подрачјето на Балканот, ќе донесат опасни бури и поплави.
Подрачјето на Германија до Белорусија и Украина ќе биде изложено на екстремни временски услови и бури, додека обилните дождови ќе доведат до опасност од поплави на Балканскиот Полуостров. На запад, Европа ја очекува суво, па и натпросечно топло време.
Бурите и силните ветрови нема да бидат невообичаена појава во пролетните месеци на подрачјето на Германија и Полска, а не се исклучени ниту грмотевиците.
„Со почетокот на пролетта се очекуваат силни бури на подрачјето на Германија, што може да доведе до хаос во сообраќајот. Најголема опасност од бурите ќе има кон крајот на април и почетокот на мај. Минхен и Берлин во Германија, Киев во Украина и Минск во Белорусија ќе бидат со најголем ризик за зачестени бури со грмотевици“, пишува „Акуведр“.
Освен бури, во овие подрачја се закануваат и поплави, а можна е и појава на торнадо.
Обилните дождови и бури ќе ја зголемат опасноста од поплави на Балканот
Додека разурнувачките бури ќе создадат сериозни проблеми на север, областите од Алпите до Балканот ќе бидат изложени на висок ризик од поплави.
„Додека во поголемиот дел од зимите се забележува недоволна количина на дожд и снег на Балканот, кон крајот на зимата се очекува бурите и поројните дождови да продолжат, што ќе продолжи и во пролетните месеци“.
Освен ризиците од поплави, ќе постои и опасност од лизгање на земјиштето, но првенствено во повисоките области.
Топло и суво време од Франција до Пиринеите
По една од најдождливите зими во историјата, Франција очекува натпросечна сува пролет. Во оваа област не се очекуваат бури и врнежи, а најсилните ќе бидат на почетокот од пролетта, во март.
Се очекуваат долги периоди на суво и топло време, па пролетта во повеќето области ќе потсетува на лето.
Суво ќе биде и во Велика Британија, Холандија, Белгија и во скандинавските земји.
Во Северна Европа не се очекуваат екстремни временски услови, што ќе донесе олеснување за населението по снежните бури што ги погодија овие области во декември и јануари.
Во Ирска и во Велика Британија се очекува појава на невреме со пороен дожд.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
