Објавен првиот повик за прекугранична соработка со Бугарија

Во рамки на Програмата за прекуграничка соработка меѓу Македонија и Бугарија, објавен е првиот повик за проектни предлози. Сите заинтересирани можат да аплицираат до 25 јануари 2016 година, информира денеска на прес-конференција министерот за локална самоуправа Лирим Шабани.
- Во рамки на програмата 2014-2020 за прекугранична соработка со Бугарија од вкупно 20 милиони евра, колку што изнесува целиот буџет на располагање на оваа програма, со првиот повик ќе се реализираат проекти во вредност од 7. 240.469 евра, рече Шабани.
Средствата од овој повик се наменети за проекти од три области-заштита на животната средина и поддршка за приспособување кон климатските промени, спречување и управување со ризици, поттикнување на развојот на туризмот и културното и природното наледство и подобрување на конкурентноста, бизнис средината и развојот на малите и средни претпријатија.
Потенцијални корисници на средствата се општини, центри за регионален развој, јавни претпријатија, универзитети и други академски и истражувачки институции, средни и основни училишта, детски градинки, домови на култура, музеи, стопански комори, бизнис кластери, НВО... Појасни дека корисниците освен општите правила треба да воспостават прекугранична соработка и да ги подобрат економско-културните услови за живеење и животна средина на пограничниот регион.
Министерот за локална самоуправа најави дека наскоро за сите заинтересирани во Македонија ќе има три информативни денови, а во Бугарија два.
Шабани потсети дека во рамки на ИПА 2007-2013 година, искористиле 80 отсто од средствата или реализирани се 223 проекти со вкупна вредност од околу 54 милиони евра.
Македонија има воспоставено прекугранична соработка со Бугарија, Грција, Косово, Албанија, а во тек се преговорите со Србија.
Ново на Сител
-

Портокалова фаза утре, температури до 40 степени
-

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата
-

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
