Обама и Ердоган разговараа за мерките кои ќе ги преземат во борбата против тероризмот

Една од најважните билатерални средби, која беше реализирана денеска во рамките на самитот на групата Г-20 во Турција, беше меѓу американскиот претседател Барак Обама и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави бугарската новинска агенција БТА.
Средбата траела околу 70 минути и била посветена на борбата против тероризмот и ситуацијата на Блискиот Исток.
- Постои едно колективно разбирање за теророт, кој ги порази Париз, но и Анкара, Газиантеп, Суруч. Разговаравме за сириската криза, како и чекорите кои ќе ги преземеме. Ќе продолжиме со соработката во името на мирот, рече Ердоган во изјавата за медиумите по разговорот.
Обама ги оквалификува убиствата во Париз, за кои „Исламска држава“ ја презеде одговорноста, како напад над цивилизираниот свет и изјави дека САД ќе работат со Франција за пронаоѓање на одговорните и нивно предавање на судот.
- Како што беше и при ужасните напади извршени во Анкара, убиството на невини луѓе врз основа на искривена идеологија е напад не само над Франција, не само над Турција, туку е напад над цивилизираниот свет, додаде американскиот претседател, имајќи го предвид двојниот самоубиствен напад во турската престолнина минатиот месец.
- Подготвени сме да направиме се што зависи од нас за да бидат предадени на правдата сторителите на овие кривични дела. Турција е важен сојузник во сириската криза, а исто така и во борбата против ИД. Разговаравме како ќе ја продолжиме борбата против ИД. Турција и турскиот народ заштитуваат 2,5 милиони бегалци. Ова е многу тежок товар. Разговаравме што може да направиме за олеснување олеснување на тој тоар, изјави Обама.
Ниту еден од двајцата лидери не го спомена претседателот на Сирија Башар ал Асад, при мапирањето на кризата во Сирија.
Обама и Ердоган се сретнаа насамо првпат по 14 месеци, и ги затоплија односите кои беа оладени поради упорноста на Турција да не ја отстапи базата Инџирлик на американските борбени авиони за напади врз ИД, а исто така и поради наводите дека турските воздухопловни сили наместо џихадисти, ги бомбардираат бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).
На средбата присуствувал и американскиот државен секретар Џон Кери.
Ново на Сител
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
-

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени 48 ирански „лидери“
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
