Обама: Африка оди напред

Претседателот на САД Барак Обама ја поздрави Африка како континент кој напредува, на отворањето на бизнис средбата на високо ниво во Најроби, Кенија, од каде што тој потекнува и каде што е во дводневна официјална посета.
- Сакав да сум тука, затоа што Африка оди напред, Африка е еден од регионите во светот со најголем раст, рече Обама. - Луѓето излегуваат од сиромаштија, приходите се зголемуваат, додаде тој.
Посетата на Обама на Кенија, прва на актуелен американски претседател, беше многу очекувана во земја која го прифаќа како свој син.
Неговиот покоен татко е роден во Кенија, а и неговото многучлено семејство се уште живее таму. - Тоа е нешто лично за мене. Има причина името да ми е Барак Хусен Обама, рече тој.
Голем дел од посетата е насочена врз поттикнување на односите во областа на бизнисот и безбедноста со Кенија - растечка економија која се бори со заканата од тероризам, најмногу од мрежата Ал Шабаб.
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
