Новогодишен базар „Подари среќа“
Детска програма, музика и можност за купување подароци за претстојните празници ќе понуди новогодишниот базар „Подари среќа“, кој од денеска до 31 декември ќе се одржува на улицата „Македонија“.

Организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а покровител Град Скопје.
За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10 до 13 часот. Предвидена е новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на учесниците на детските фестивали „Поточиња“ и „Златно Славејче“, многу детски игри, изведба на претставата „Брашко“, дружба со Петко, настап на магионичарот Кристијан.
Музичката програмата во попладневните часови ќе почнува со новогодишни after-work забави и ќе завршува во 22 часот. Предвидени се настапи на македонските изведувачи Сара Мејс, ConTruDј, Back Door Band, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски тамбураши и Тумбао салса бенд. Предвидени се сетови на Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi...
На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божикно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада...
Секој кој ќе го посети базарот ќе може да купи и новогодишни хуманитарни честитки, а средствата ќе се донираат во СОС Детско село. За традицијата испраќање новогодишни честитки ќе биде поставено поштенското сандаче на „Македонски пошти“, лоцирано во Ристиќева палата.
Посетителите ќе можат да купат и греено вино, пиво, топли пијалоци и топла храна.
Во рамки на програмата, утре на пладне ќе се одржи Дедомразовска трка.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
