Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Судијата од Судот во Тетово Садула Изаири на 30 јануари годинава освои најмногу гласови на непосредни избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20 отсто во државата. За Изаири гласале 179 судии од вкупно 390 кои го искористиле правото на глас.
Садула Изаири за судија е избран пред 18 години. Правен факултет студирал во Приштина, а правосудниот испит го положил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2004 година.
Во текот на својата кариера, според неговата кратка биографијата објавена на веб-страницата на Основниот суд Тетово, тој работел како управител на приватна фирма во Тетово, бил секретар во Општина Боговиње, а од 2005 до 2008 година ја вршел функцијата генерален директор на „Македонски пошти“. Во 2008 година со одлука на Судскиот совет е избран за судија во Основен суд Тетово, каде работи на предмети од кривична област.
Во делот за објавени трудови и активности, за Изаири пишува дека учествува на семинари организирани од Академијата за судии и јавни обвинители.
Изборот за член на Судски совет следи по истекот на шестгодишниот мандат на Ханиф Зендели од Апелацискиот суд Гостивар, кој за член на Советот беше избран на 22 јануари 2020 година. Претходно, во Советот по предлог на претседателката на државата влегоа Сузана Јошевска-Атанасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
