-->
-->
Новинари го наместија англискиот селектор Алардајс
-->

Новинари на Телеграф преку Скриена камера предизвикаа голем фудбалски скандал во Англија. Жртва е селекторот на Гордиот Албион Сем Алардајској е снимен како преговара со бизнисмени кои му понудиле 400 илјади фунти за да им помогне да ги прекршат правилата за правење трансфери. Лажните бизнисмени всушност биле новинари на „Телеграф" кои сите овие состаноци ги снимиле, а вчера ги објавија.
На снимките се гледа како англискиот селектор им нуди помош и им кажува дека познава агенти кои цело време ги кршат правилата на федерацијата. Покрај тоа, големиот Сем го критикуваше и својот претходник Рој Хоџсон нарекувајќи го „Вој". ФА остро реагираше на секој претходно користење на ова име, кога беше прозиван од медиумите.
Очекувано, Фудбалската федерација на Англија веќе започна истрага за целиот овој случај. Побарани се целокупните материјали за да се донесе одлука. Сепак, голема е веројатноста дека Алардајс ќе биде отпуштен по овој скандал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
