Нови студии: Океаните се дом за стотици илјади вируси

Во океаните, според најновите истражувања, живеат речиси 200.000 вида на вируси.
Истражувачите во океаните од Северниот до Јужниот пол откриле вируси длабочина од 4.000 метри.
Иако повеќето се безопасни за луѓето, тие можат да го заразат морскиот свет, вклучувајќи ги и китовите и раковите.
Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо составија мапа на вируси во светот што се пронајдени во море врз основа на примероци од морска вода со речиси 80 локации ширум светот. Количината на вируси е речиси 12 пати повисока отколку што претходно се сметало. Научниците биле изненадени кога откриле дека вирусите во море може да се поделат на само пет групи, врз основа на локацијата и длабочината каде се наоѓаат.
Во литар морска вода обично се содржат милијарди вируси – од кои огромното мнозинство не се познати. И според најновите мерења, 90 проценти од вирусите во океаните не може да се класифицираат во одредена група која е веќе позната во науката.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
