Нови рочишта за „Тортура“ и „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Тортура“ и „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
Предметот „Тортура“ на СЈО се однесува за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година и се наоѓа во доказна постапка.
Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи и докази за злоупотреба на средства за финансирање на политичка кампања од 2013 година.
Ново на Сител
-

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и умерен ветер
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
