Нови ковид протоколи за влез во Данска и Италија за Македонците
Данска и Италија со нови Ковид протоколи за македонските државјани. Со најновата одлука на данските власти во оваа земја ќе можат да се влезе со валиден ЕУ дигитален сертификат кој вклучува потврда за вакцинација (вакцини одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.
Во Италија, пак, македонските граѓани не ќе можат да патуваат туристички. Влез ќе биде дозволен само за работни потреби, итни или здравствени потреби, студирање…
– Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за државјаните на Република Северна Македонија во Италијанската Република. Притоа, на нашите државјани им се дозволува влез исклучиво за: работни потреби; апсолутна итност; здравствени потреби; потреби за студирање; враќање во својот дом или живеалиште, информира МНР.
Враќање или влез во Италија, се дозволува за оние државјани на Северна Македонија кои имаат регулирано долгорочен престој во Италија и за нивните членови на семејството. При влез во Италија задолжително е да се прикаже пополнет онлајн формулар за локација (dPLF) и негативен резултат од молекуларен или антигенски тест. Покрај ова следува и задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена. По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест.
Повеќе информации може да се најдат на следниот линк: https://www.mfa.gov.mk/
Ново на Сител
-

ЈО и ДЗР: Зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес
-

Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина
-

Иран го ограничи преминот низ Ормуската Теснина на 15 бродови дневно
-

Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран
-

Мицкоски: И покрај историски најголемиот обем на криза, Владата се справува прилично стабилно
-

Европратеници бараат итна реакција на ЕК поради влошувањето на ситуацијата во Србија и колапсот на владеењето на правото
-

Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците
-

Два случаи на семејно насилство евидентирани во еден ден во Куманово
