Нови цени на горивата во Македонија

Цените на бензините и на дизел горивата пред две недели поскапеа за половина до еден денар по литар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
Денес, стандардно по две недели од претходната корекција на цената на нафтените деривати, се очекува нова цена на горивата.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија со последната одлука за еден денар по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 до утре изнесува 64, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 52, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 40,50 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголеми за 0,50 денари за литар и изнесува 65,50 денари.
Како причина за зголемување на продажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги псочуваат за 3,63 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,501 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Останува да видиме каква ќе биде новата цена која РКЕ ќе ја соопшти денес.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Спектакуларен концерт на Хосе Карерас и македонските музички ѕвезди на плоштад Македонија
-

Унгарија повторно ја блокираше Украина: Нема договор за отворање на кластерите 2 и 3
-

Сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
