Нови цени на горивата од полноќ
– Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,478 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 отсто.
Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 43,046 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 90,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,64 отсто, кај дизелот за 1,75, кај екстра лесното за 1,745 и кај мазутот за 4,114 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот е понизок за 0,112 отсто.
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
