Нови антисаудиски протести во Иран

Во услови на зголемени тензии меѓу Техеран и Ријад, во Иран денеска се одржаа нови протести против Саудиска Арабија, пренесува БТА.
По петочна молитва, поголем број Иранци повторно протестираа против егзекуацијата на саудискиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр.
Околу илјада демонстранти во Техеран извикувале: „Смрт за Ал Сауд, Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“. Некои од нив носеле фотографии од шеикот ал Нимр.
Слични протести се одржале и во повеќе други градови во земјата, јавуваат иранските медиуми.
Имамот, кој ја читал молитвата во Техеран, во проповедта ја критикувал Саудиска Арабија.
- За сите злосторства извршени против муслиманите има тројца виновници: САД, ционистичкиот режим и Саудиска Арабија. Ционистичкиот режим ги планира, САД го поддржува, а Саудиска Арабија ги обезбедува парите, изјави ајатолахот Мохамед Кашани.
Вчера Иран го обвини саудиското Воено воздухопловство дека извршила напад врз иранската Амбасада во Јемен. Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, ги отврли ваквите обвинувања, нагласувајќи дека не биле вршени никакви операции во околината на иранската амбасада.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
