Нови 30 возила за Шумската полиција

Нови 30 теренски возила „дачиа“ со комплетна опрема за Шумската полиција беа промовирани денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Возилата вредни 30 милиони денари, се купени од сопствени средства, на МЗШВ, а ќе бидат доставени до сите 30 шумско-полициски станици низ Македонија. Исплатата ќе се реализира во наредните пет години.
- Шумската полиција мора да биде добро опремена. Со набавката на новите возила ќе се зголеми нејзината ефикасност, но ќе се намалат и трошоците што ги прави сега веќе стариот возен парк, истакна министерот за земјоделство Михаил Цветков пред промоцијата.
Според него, возилата „лада нива“ со кои располага Шумската полиција се стари 10 - 15 години, трошат многу гориво, 18 – 19 литри, а скапо е и нивното одржување. – Оценивме дека со парите кои би ги потрошиле за овие намени, ќе ги плаќаме ратите за новите возила, објасни Цветков.
И раководителот на Секторот за шумска полиција при МЗШВ Ејуп Јаја се согласува дека со новите возила практично се решава уште еден голем проблем на оваа служба. - Ќе ја зголемиме нејзината ефикасност, но ќе ја подигнеме и безбедноста на вработените, подвлече Јаја.
Одговорајќи на новинарски прашања, Јаја истакна дека состојбата со дрвокрадството е значително подобрена, иако се уште има случаи што треба да се санкционираат. – Зголемени се и казните со оглед на сторените кривични дела. Сепак, состојбата на терен се нормализира, рече раководителот.
Шумската полиција како сектор во Министерството за земјоделство брои 400 вработени од кои 320 униформирани службени лица кои по Законот за шуми се задолжени за мото-патролно чување на шумите.
МЗШВ во наредниот период планира да вложи и во техничка опрема за шумскополициските станици, како и во набавка на униформи за вработените.
Минатата година од Шумската полиција беа поднесени 1.218 пријави, а привремено се одземени 2.100 кубни метри дрвна маса.
Ново на Сител
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
-

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта
-

18-годишна трудна девојка од Шуто Оризари силувана од поранешен партнер
-

Татко пријавил уцена врз малолетната ќерка со експлицитни слики од поранешен дечко
