Македонија
7. November 2022 - 12:50

Новата американска амбасадорка Агелер ја презема функцијата

Новата американска амбасадорка во земјава Ангела Агелер од утринава ја стартуваше својата дипломатска мисија во Скопје. На средбата во МНР утринава беше изразено очекувањето дека на ваков начин ќе продолжи цврстото партнерство помеѓу двете држави во рамки на НАТО алијансата со посебен акцент на руската воена акција во Украина како и за идното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година. 

Непосредно пред доаѓањето во земјава Агелер пред членовите на Сенатот во САД најви дека ќе се залага за одговорност на корумпираните политички актери во Македонија.

Таа доаѓа на местото на досегашната амбасадорка Кејт Мери Брнз.