Нова серија напади врз бегалци во Германија

Германските власти информираа за серија од три организирани напади врз бегалци на различни локации низ земјата. Во два од нападите што се случиле за време на викендот во Визмар и во Магдебург во Источна Германија биле инволвирани банди со повеќе од 20 лица вооружени со безбол палки.
Во првиот инцидент што се случил во сабота навечер нападната биле двајца сириски бегалци од страна на 20 лица кои што ги претепале по што побегнале. Според полициските соопштенија двајцата нападнати веднаш биле пренесени во болница.
Во Магдебург од страна на триесетина напаѓачи бил претепани еден 26-годишен и еден 35-годишен Сириец кои што завршиле во болница, а во интервенцијата на полициските специјалци притворен е еден напаѓач.
Во третиот напад млад Сириец бил повреден од стакло откако во центарот за бегалци во Фрајтал во Саксонија била фрлена експлозивна направа.
Инциденти и обиди за подметнување на пожар во бегалски центар имало и на други локации како во хотел во Дрезден и во поранешен младински клуб во местото Кастроп - Раухел.
Бројот на бегалци кој годинава може да ја стигне цифрата од еден милион луѓе во Германија предизвика низа напади врз сместувалишта за бегалци. И покрај иницијативите во јавноста за подобар прием на луѓето кои што бегаат од воени зони на многи локации тие сеуште не се добредојдени.
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер минатата недела изјави дека досега годинава во земјата имало 576 напади врз бегалски центри за разлика од минатата година кога бројот на напади бил 198 за цела 2014 година.
Ново на Сител
-

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
-

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
-

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија
-

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата
-

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
-

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите
-

Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер
