Нова рунда гласање за генерален секретар на ОН

На седница на Советот за безбедност на Обединети нации ќе се одржи третиот круг на гласање за нов генерален секретар на Светската организација.
По денешното гласање ќе биде познато кои се фавоти за функцијата, а кој „де факто“ ќе испадне од трката.
Во СБ ќе може да се гласа за Срѓан Керим од Македонија, Вук Јеремиќ од Србија, Ирина Бокова од Бугарија, Кристина Фигуереш од Костарика, Наталија Герман од Молдавија, Мирослав Лајчак од Словачка. Во трката се и Антонио Гутереш од Португалија, Сузан Малкоре од Аргентина, Хелен Кларк од Нов Зеланд и Данило Тирк од Словенија.
По денешното гласање се влегува во нова фаза во која методологијата на одлучување се менува и на сцена стапува директно преговарање односно „пазарење“ меѓу големите сили. На некој начин кандидатот и неговата кампања остануваат во втор план, а во игра се проценките и договорите.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
