-->
-->
Нова пешачка патека во село Драчево
-->

Жителите на село Драчево ќе добијат ново место за прошетки и рекреација. Општина Кисела Вода отпочна со изградба на пешачка патека долж каналот на реката Мала Рада.
Пешачката патека че се протега во должина од околу 530 метри, ширина од 1.80 метри и ќе биде поплочена со павер елементи. Љубителите на пешачењето и рекреацијата, соопштија денеска од Општина Кисела Вода, патеката ќе можат да почнат да ја користат од крајот на идната недела, кога треба да завршат градежните активности на фирмата „Пелагонија Гостивар”.
За изградбата на оваа пешачка патека, општина Кисела Вода од својот буџет има издвоено 2.123.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
