Нов севернокорејски успешен тест за лансирање ракета

Северна Кореја изврши успешен тест од копно на ракета за лансирање сателити, со нов тип мотор со голема моќност. Тестирањето го надгледувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, јавија севернокорејски медиуми.
Ким бил присутен на тестирањето во Вселенскиот центар Сохае на запад во државата, се вели во соопштение и побарал од научниците што е можно побрзо да биде лансиран сателит.
Новиот мотор обезбедува ракетниот носач да може да лансира разни видови сателити меѓу кои и сателити за надгледување на површината на Земјата.
Лансирањето го побарал Ким, јави севернокорејската агенција КЦНА. Тоа е прво негово појавување во јавност на воен настан откако во Пјонгјанг на 9 септември беше извршена петта нуклеарна проба.
Најновото тестирање е извршено во момент на глобални осуди за петтата нуклеарна проба на Северна Кореја, но и по повикот на САД, Јапонија и Јужна Кореја за поголем притисок врз Пјонгјанг поради непочитување на резолуции на ОН со кои се забранува неговата ракетна и нуклеарна програма.
Ново на Сител
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
-

Бензините поевтинуваат, дизелот ќе се точи по стара цена
-

Филипче на терен ќе убедува за ЕУ, обвини дека Мицкоски не’ носи во изолација
-

Села не се откажува од Алијанса, очекува Апелација да му ги врати печатите на партијата
-

Пациенти со ретка болест останале без терапија - од здравство тврдат дека има лекови
-

Преглед на вестите од светот
