Нов број на списанието „Акт“

Избор од современа македонска поезија и проза, но и препеви од европски автори донесува најновото, 58-мо издание на списанието за култура и уметност „Акт“ кое деновиве излезе од печат.
Меѓу содржините на 58. број се и критичкиот осврт на Ефтим Клетников кон новата поетска книга на Раде Силјан „Молитва за Македонија“, како и за поезијата на Ацо Шопов од Софија Тренчовска, стихови од Виолета Танчева-Златиева, Гордана Хаџипанзова-Јанева, Вања Изова-Велева. На страниците се поместени и препеви од поезијата на Зоран Богнар, поет родум од Вуковар, кој е добирник на значајни книжевни награди во Србија, како и на руската авторка од помладата генерација поети Ана Ростокина.
Читателите ќе имаат можност да се запознаат и со Александар Шурбавов, професор по англиска литература на Универзитетот во Софија, инаку истакнат бугарски преведувач и автор, кој по потекло е охриѓанец. Тој гостуваше на првиот Зимски поетски фестивал во рамки на Струшките вечери на поезијата, одржан во декември минатата година.
Иднината на списанието е неизвесна затоа што тоа не доби поддршка во Годишната програма за култура за 2016. Тоа го поттикна глваниот и одговорен уредник Братислав Ташковски уводникот на овој број да го наслови „Испревртено“ за, како што вели, исвпревртените состојби во книжевноста и издаваштвото.
- Мораме да кажеме дека нашето списание „Акт“ можеби повеќе нема да излегува бидејќи комисијата смета дека после 12 години ова списание треба да го нема, пишува Ташковски.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
