Нотр Дам – Симбол на Париз, ремек дело на светската архитектура

Париската катедрала Нотр Дам, која вечерва ја зафати голем пожар, од што се урна една од кулите, како и покривот на тоа монументално здание, се смета за еден од најдобрите примери на француската готска архитектура.
Изградбата почнала во 1160 година, а во најголем дел била завршена 100 години подоцна.
Катедралата е со импозантни пропорции, посебно ако се земе предвид периодот кога била изградена. Таа е долга 128 метри, широка 48 а нејзините кули се високи 69 метри. Катедралата е позната по многу украсни делови, а најмногу по насликаните прозорци.
Нотр Дам минала низ многу промени во текот на историјата, а голема штета претрпела за време на Француската револуција, кога значителен број религиски слики и склуптури биле оштетени, или значително оштетени.
За време на ослободувањето на Париз од нацистите, катедралата претрпела мала штета од куршумите кои завршиле во нејзината фасада. Но никогаш во историјата не претрпела толку драматично оштетување како од овој голем пожар, кој се уште беснее.
Кон средината на 19 век е спроведена првата голема реставрација на катедралата, која траела цели 25 години, а во 20 век следуваа уште две големи обнови.
Минатата година, Католичката црква во Франција упати итно барање за финансиски средства за спасување на катедралата, која почна да се урива.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
