Нормализиран железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје, што беше причина за блокада на товарниот и патничкиот железнички транспорт во изминатите два и пол дена.
Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ Транспорт ад Скопје за МИА потврди дека веќе се префрлени парите на сметките на вработените за доисплата на октомвриската плата и оти сите возои, и патнички и товарни, ќе се сообраќаат согласно редовниот возен ред. Првите возови ќе тргнат по 16 часот и тоа од Скопје за Кочани, Гевгелија и Кичево.
Нормализирањето на сообраќајот следи по средбата што изутрина ја имаа вработените и менаџментот на МЖ Транспорт со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, во МЖ има сериоизни проблеми и се потребни радикални промени.
- Проблемот во МЖ не е настанат преку ноќ. Многу е лошо кога проблемите ќе се кријат долги годни под тепих и нема да се кажат транспарентно. Во МЖ има сериозни проблеми, имаат сериозен долг, мал обем на работа, големи трошоци и нивното опстојување е проблематично, рече Анѓушев потенцирајќи дека единствен начин да функционираат нормално е да го зголемат обемот на работа и притоа да ги намалат трошоците.
Анѓушев потенцираше дека од доаѓањето на новата Влада во МЖ плата се зема месец за месец и се исполнуваат сите обврски кон вработените, но има заостанати проблеми кои треба да се решат. - Добра информација е што во последните неколку месеци споредено со истиот период лани за 14 проценти е зголемен обемот на работа во МЖ, пред се во товарниот сообраќај. Ако се задржи таквиот тренд сметаме дека ќе најдеме решение, рече Анѓушев.
Во МЖ, како што најави, ќе се испитаат сите досегашни работења и ќе се утврдува доколку постои одговорност и кринимал за тоа да се поведат постапки.
Министерството за транспорт и врски претходно преку соопштение информираше дека во рамки на своите надлежности и понатаму ќе продолжи со исплата на средства на име трансфери и субвенции кон Железница, но, потенцираше дека е потребно да се создадат услови за нормално функционирање на железничкиот систем. Во случај на продолжување на блокада на железничкиот сообраќај, како што соопшти, ќе се доведе во прашање исплатата на заостанатите плати за сите вработени во железничките претпријатија.
Ново на Сител
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
-

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев
-

Сиљановска - Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит
-

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче
