НЛО над село кај Бања Лука!?

Членови на семејството Зориќ од селото Пријаковци кај Бања Лука вчера на социјалните мрежи објавија несекојдневни фотографии за кои тврдат дека биле направени околу пладне на небото над нивната куќа.
На фотографиите, направени со мобилен телефон, на небото во позадина на нивната куќа се гледа нешто, за кое тие тврдат дека претставува непознат летечки објект (НЛО).
- Мислам, како де не се поверува. Кажете ми вие што гледате. Слободно ви давам да ги проверите фотографиите, нека ги прегледаат експерти. Едноставно таму има нешто. Што е тоа нека утврдат, изјави еден од членовите на семејството, Петар Зориќ за телевизијата АТВ.
Тој тврди дека НЛО-то на фотографиите го „уловила“ неговата ќерка Софија, додека го сликала нејзиниот брат.

Според Петар Зориќ, таа на небото забележала „нешто, што наликува на вселенски брод“.
Софија изјави дека големиот објект исчезнал по неколку секунди и повеќе не го видела.
Таа додава дека дури од како ги преледала четирите снимени фотографии „сфатила за што станува збор“.
- Размислував што е тоа. Малку бев преплашена. Не знаев што е. Верував, ама не сосем. Онака и да и не. Но сега верувам малку повеќе, изјави Софија Зориќ за АТВ.
И додека семејството Зориќ чека да дојде некој за да ја испита невообичаената појава, нивните соседи почнаа да се шегуваат дека вонземјаните веројатно дошле да го постават осветлувањето во селото, кои одамна им било ветено од властите.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
