„Ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност, сакаат да ја префрлат вината“ - се огласи сопругата на Бектеши

Илка Каба Бектеши, сопруга на Крешник Бектеши кои доби 30 дневен притвор, рече дека ексминистерот за економија не бил уапсен туку отишол во станица по добиена покана. Таа тврди дека го пуштиле да си оди дома, но откако се подготвил да излезе од станица, му кажале дека му одредуваат 24-часовна мерка. Сопругата на Бектеши обвини дека апсењето на ексминистерот е оттргнување на вниманието од вистинските виновници.
„По 3 минути подготвување за заминување, најавуваат дека одредуваат 24-часовна мерка, без никакво предупредување или присуство на бранител, го земаат Крешник со врзани раце за да го испратат во Кочани. Едно нешто што треба да се увери е дека не може да се одвлече вниманието на луѓето од вистинските виновници. За да се добие согласност од Министерството за економија, прво потребна е согласност од општина Кочани, Министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат и на крајот Министерството за економија. Медиумските наслови дека поранешниот министер е уапсен се оттргнување на вниманието од вистинските виновници, непочитување на медиумите кои по секоја цена ја пренесуваат вистината. Ви определиле 48-часовен притвор за мерка „Тешко дело против општата безбедност“, првично без правна основа.
Крешник ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност во моментот кога се случила трагедијата. Се очекува да се додадат уште 48 часа затоа што треба да добијат време за да ја префрлат вината на Крешник, но ова нема да помине бидејќи вистината е кај Крешник. Тие политичари што демек не претставуваат само со албанско име ви кажуваат дека делата се веќе познати. Синоќа мојот адвокат ме извести дека обвинителот побарал затворска казна од 30 дена за Крешник. Сега сè почнува за мене како сопруга, како мајка на децата на Крешник… израснавме еден до друг во секоја димензија, ова ќе биде само предизвик уште еднаш да си докажеме еден на друг дека сме го направиле вистинскиот избор.
Држи ја главата високо, Крешник“, напиша таа.
Бектеши пак е осомничен како дел од алката за помош за дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица, да може да работи. Со сторување или несторување, односно со преземени дејствија за издавање на лиценца, односно преземени дејствија да не се направи контрола, го сомничат дека сторил кривично дело.
Ново на Сител
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
-

Над 100 смртни случаи и 150.000 пријави за несакани реакции од лекови за слабеење во Британија
-

32 годишник искршил покуќнина и ги нападнал родителите со нож откако не му дале пари
-

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
-

Пукал со пиштол на семејна веселба, куршумите оштетиле покрив на куќа - Приведен маж од Боговиње
-

Секоја година, во италијански град, политичарот кој донел најглупава одлука се става во кафез и се потопува во ладна река
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
