Николов: Расте бројот на заболени во Македонија, секаде во регионот опаѓа

Се влошува билансот на здравствените параметри поврзани со епидемијата на корона во Македонија.
За еден ден имавме 40 нови заразени од Корона и значително зголемување на бројот на активно болни од Ковид-19. Деновиве имавме и починати.
Бројките се влошуваат секое деноноќие, а доколку се споредиме со држава со приближно ист број на жители како Словенија, имаме навистина лоша бројка со оглед на фактот дека Словенија нема ниту еден ново заболен на изведени 909 тестирања.
Дополнително Словенија е земја која што е непосреден сосед со најголемото европско жариште во Северна Италија.
Уште еден податок за споредба, Хрватска и Албанија, земји кои се неколку пати поголеми во население од Македонија, за едно деноноќие имале само по 2 заболени, а кај нас бројката е значително поголема, вкупниот број на заболени кај нас достигна 1.898 лица, а бројот на починати е 111 лица.
При тоа треба да се земе во предвид дека Македонија е на самото дно во регионот по тестирања на милион жители, што го засилува стравот дека ниту здравствените власти, ниту јавноста немаат јасна и вистинска епидемиолошка слика врз основа на која може да се превземаат конкретни здравствени чекори.
Сите вклучени во борбата со епидемијата и здравствените власти, мора да ја остават политиката зад себе и да не подлегнуваат под притисоци или диктати на Заев и Венко Филипче. Треба соодветно да реагираат на загрижувачката состојба во која се наоѓаме. Тоа подразбира зголемување бројот на тестови, тестирање на ризичните групи и масовен скрининг.
Никој не може да ги стави здравјето и животот на граѓаните во залог за нечија политичка кариера.
Ново на Сител
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
-

Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
