Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем

Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија - истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на седницата на која претседаваше со Комитетот за управување со НЕС.
На Комитетот беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС.
Според договорот, избраниот конзорциум има обврска до крајот на 2027 година да го операционализира системот и да го стави во функција. Овој софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит, како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.
Целта на реформата е да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање дозволи, да се постигне размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка, како и координирани активности во рамките на овој систем.
- Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан, каде што една од компонентите е имплементацијатa и на овој Национален едношалтерски систем, што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем - се вели во соопштението од Министерството за транспорт.
МИА
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
