-->
-->
Невремето „Гирионис“ создаде сериозни проблеми во Грција
-->

Интервенција на противпожарната служба за спасување лица од поплавени домови, затворен дел од автопатот Атина – Коринт, затворени улици во Атина, пролонгиран почетокот на наставата во училишта и градинките во областа Атика, апел од Генералниот секретаријат за цивилна заштита граѓаните до 10 часот утрово да избегнуваат непотребни движења со автомобили, загинати две лица во Антирио….. е билансот од невремето „Гирионис“, што од доцна синоќа ја зафати Грција и создаде сериозни проблеми во повеќе делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Областа Кинета во западниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, беше најпогодена од невремето, домови и улици се поплавија, а противпожарната служба на Грција во текот на ноќта примила над 64 повици за помош, од кои повеќето биле за отстранување на луѓе од нивните поплавени домови.
Со одлука на надлежните, затворен е дел од автопатот Атина – Коринт што поминува низ Кинета.
Периферијата Атика, одлучи училиштата и градинките да останат затворени до 10 часот утрово.
Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита рано утрово упатија повик до жителите на Атика да избегнуваат движење со автомобили до 10 часот утрово и од превентивни причини и за да се избегне сообраќаен хаос со непријатни последици поради насобрана вода на улиците.
Невремето создаде сериозни проблеми и во бродскиот сообраќај, на неколку грчки пристаништа, поради силниот ветер има забрана за пловидба.
Како што претходно објави МИА, спасувачките служби од морето ги извлекоа безживотните тела на двете лица кои од вчера се водеа за исчезнати, откако се превртила мала јахта закотвена на пристаништето во грчкиот град Антирио во западниот дел на земјата.Едното лице беше извлечено околу час и половина по полноќ, а другото рано утрово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
