Невреме во САД, еден загинат

Торнадо разурна домови и деловни објекти во густо населениот дел на Далас, каде се пријавени само помали штети, додека при невреме во Арканзас едно лице загина откако паднало дрво врз него.
– Радарите потврдиле дека торнадото вчера го погодило аеродромот Далас Лав Филд – изјави метеорологот на американската Национална метеоролошка служба Џејсон Годвин.
Нема информации за смртни случаи или тешки повреди во Тексас, но портпаролот на пожарникарската спасувачка служба Џејсон Еванс истакна дека три лица се однесени в болница со полесни повреди.
Поради невремето десетици илјади луѓе останале без електрична енергија.
Предупредувањата за торнадо се во сила и денеска во источниот дел на Арканзас, во близина на реката Мисисипи, бидејќи бурата се движи кон исток. Центарот за најава на бури во Норман, Оклахома, наведува дека делови на американските држави Алабама, Луизијана, Мисисипи и Тенеси би можеле да бидат погодени од силно невреме во текот на денот.
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
