Свет
30. December 2017 - 12:29

Неверојатна зима во Москва: Вчерашниот ден најтопол во целата историја, еве колку степени измерија

Рекордно топло време за овој период од годината е забележано во петокот во Москва, соопшти експерт од метеорошкиот центар „Фобос“ Евгенија Тишковец.

Тој рече дека „поради субтропскиот топол бран кој стигнува од црноморскиот регион живата во термометрите во средноруската низина се подигна до плус 3,7 степени Целизиусови“.

„Така е соборен рекордот од пред 42 години и 29. декември 2017 година стана најтопол во целокупната историја на бележењето на временските прилики, рече Тишковец.