Нетанјаху: Суспендиран договорот со ОН за африканските бегалци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е суспендиран договорот со агенцијата за бегалци на ОН за преселување африкански мигранти во западни држави.
Неколку часа откако беше објавено дека со Агенцијата на ОН за бегалци е постигнат договор со кој повеќето од 16.000 Африканци кои бараат азил во Израел ќе бидат испратени во западни држави, а не вратени во африкански земји, Нетанјаху на Фејсбук објави дека договорот ќе биде „ставен на чекање“.
Израелски медиуми јавија дека Нетанјаху објавил на Фејсбук дека го замрзнува најновиот догогвор со ОН.
„Ве слушнав. Особено, граѓаните од југот на Тел Авив. Засега го суспендирам догвоорот“, нагласи Нетанјаху. Тој вети состанок со министерот за внатрешни работи и жители на јужниот дел од Тел Авив каде се сместени голем број мигранти.
Вчера, Нетанјаху изјави дека станува збор за уникатен договор меѓу Високиот комесаријат за бегалци при ОН и државата Израел за преселување на 16.250 луѓе во развиените земји како што се Канада, Германија или Италија. Високиот комесаријат ја презеде обврската да го организира преселувањето мигранти и да го финансира истото, изјави вчера израелскиот премиер за локалните телевизии.
Пред постигнувањето на вчерашниот договор Израел планираше враќање на мигрантите во Африка. Израелската Влада им даде рок на мигрантите до 1 април да ја напуштат земјата и да заминат во неименувана африканска држава, за што ќе им беа дадени по 3.500 долари и авионски билет. Во спротивно, се предвидуваше, да бидат затворени на неодредено време.
Од тие причини, беа одржани повеќе протести на Африканците, најголемиот дел од Еритреја и од Судан, кои во повеќе наврати потенцираа дека го почитуваат Израел, но стравуваат од протерување
Ново на Сител
-

Дарио Ивановски второ место на маратонот во Белград
-

Мицкоски: Македонија меѓу трите европски држави со најобемни мерки против ценовните шокови, следи поевтинување на горивата
-

МВР: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри Ист гејт и Дајмонд
-

Полицијата проверува дали има експлозивни направи во трговските центри Ист гејт и Дајмонд
-

Мицкоски: Очекувам граѓаните во Бугарија да изберат проевропски премиер фокусиран на добрососедските односи, наместо на билатерални прашања
-

Европската перспектива и регионалната соработка во фокус на средбите на Муцунски во Анталија
-

MЗ: Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациентка со трансплантиран бубрег
-

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки
