Нетанјаху: Нема да има палестинска држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „нема да има палестинска држава“ на церемонијата на потпишување на важен проект за понатамошна изградба на еврејски населби на Западниот Брег, пренесуваат западните медиуми.
-Ќе го одржиме нашето ветување: нема да има палестинска држава, тоа место ни припаѓа нам, рече Нетанјаху за време на посетата на населбата Маале Адумим на Западниот Брег.
„Ќе го зачуваме нашето наследство, нашата земја и нашата безбедност (...) Ќе го удвоиме бројот на жители на градот“, додаде израелскиот премиер.
Минатиот месец, Израел одобри клучен проект за изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег, кој ОН и неколку странски лидери го осудија како преполовување на територијата на можната идна палестинска држава и загрозување на можноста за решение со две држави.
Израелскиот министер за финансии од редовите на екстремната десница, Безалел Смотрич, повика на забрзување на неговата имплементација и анексијата на Западниот Брег, како одговор на најавите на неколку земји за нивната намера да ја признаат државата Палестина.
Францускиот претседател Емануел Макрон во јули објави дека Франција ќе ја признае Палестина на седницата на Генералното собрание на ОН на крајот на септември. Неколку земји оттогаш изјавија дека ќе го сторат истото, вклучувајќи ги Канада, Австралија и Белгија.
Во светлината на војната на Израел во Газа, палестинската држава беше признаена, меѓу другите, од Ирска, Норвешка, Шпанија и Словенија.
МИА
Ново на Сител
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство
-

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет
-

Сончево и студено време со мала до умерена облачност
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
