-->
-->
Несовесни ловџии предизвикале пожар во Галишки ливади
-->

Несовесни ловџии предизвикале пожар во месноста Галишки ливади, меѓу кавадаречките села Галиште и Ќесендре.Ггорат суви паднати гранки, трева и лисја на површина од три хектари пасишта, информира Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во „Бор”, подружницата на ЈП „Македонски шуми”.
- Приземниот пожар има зафатено и еден хектар букова шума. Пламените јазици ги гаснат пет наши работници со едно теренско возило, четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, а на помош ќе дојдат и вработени од блиското ловиште, изјави Ристовски.
Според него, многу скоро пожарот ќе биде локализиран и нема да се прошири и да направи поголеми штети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
-

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени
-

Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
