Неславен рекорд – Серхо Рамос го доби 21. црвен картон во кариерата

Искусниот дефанзивец на Севилја, Серхио Рамос не го заврши мечот со Реал Сосиедад, ко неговиот клуб го загуби со 2:1.
Рамос заработи директен црвен картон, негов 21. во кариерата што го прави неприкосновен во Ла Лига.
Тој е прв на оваа неславна листа пред Пабло Алфаро, кој во кариерата заработи 18 црвени картони.
Рамос беше исклучен во Сан Себастијан во 88. минута, по остар старт врз Браис Мендез.
Претходно во 82. заработи жолт картон. Интересно во ситуацијата кога го фаулираше Мендез, Рамос доби жолт картон, бидејќи веќе имаше еден му беше покажан патот во соблекувалната.
Но тогаш главниот судија доби повик од ВАР собата, откако ја прегледа целата ситуација го поништи жолтиот кратон и му покажа директен црвен.
Поради приговори, кон помошниот судија во истата минута, црвен картон доби и капитенот на Севилја, Хесус Навас.
Ново на Сител
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
-

Неутрална Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата
-

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
-

Фарс: Најмалку 15 мртви во ракетен напад врз фабрика во иранскиот град Исфахан
