Неорганизираниот пласман проблем за органските производители

Органските производители имаат проблем со неорганизираниот пласман. Во однос на продажбата, пак, како што вели семејството Трајкови од Дражево кое десет години егзистира од производство на органско киви и арнонија, се чини дека цената е се уште пресудна.
- Се придржуваме до органското производство. Не прскаме, не ставаме вештачко ѓубре. Но, главен проблем ни е неорганизираниот пласман. Не можеме на пазарот да излеземе со органско киви, туку го пласираме како конвенционално. Увозот ни го руши пазарот, истакнува Ѓурга Трајкова, жена фармер.
Органското киви, додава, е поскапо за 30-40 отсто во споредба со конвенционалното што можеби е малку ако се има предвид дека станува збор за здраво јадење.
- Кај потрошувачите има интерес за органски производи, но финансиите најчесто го имаат последниот збор, нагласува Трајкова.
На фармата Трајкови имаат засадено пет декари киви кои со просек од 70-80 килограми од стебло, даваат до 12 тони плод во една вегетациска година. Бербата почнува на почетокот на ноември, а веќе од втората недела од декември кивито може да се јаде.
- Сите киви кои се на пазарите пред крајот на декември се вештачки зреени. На тој начин го губат вкусот и препознатливиот мирис, објаснува Трајкова.
Домашниот бизнис што го почнале кога сопругот, дипломиран шумарски инженер, останал без работа, го прошириле и со одгледување аронија, но и садници за двете култури.
- Има одличен интерес за аронијата. Неа ја продаваме како органска по цена од 140 денари по килограм. Хранливите својства на овој плод ги знаеле дури и Индијанците. Таа е антиоксиданс кој помага за регулирање на крвниот притисок, за правилна работа на тироидната жлезда, против канцер. Од друга страна, едно стебло аронија чини, 150 денари. Ниту мрзне, ниту ја фаќаат болести. Единствено треба земјата на која ќе биде посадена во идеални параметри да биде со 60 отсто хумус од папрат и леска, 30 отсто овчо ѓубре и 10 проценти песок за поголема порозност, објаснува Божидар Трајков.
Садниците од киви, Трајкови ги добиле преку Институтот за развој на земјоделството, кој пред десетина години испитувал каде во овие краеви може да егзистира кивито.
Ново на Сител
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
