Македонија
10. May 2026 - 16:26

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба

Неопходно е институционално препознавање и финансиска подршка за силна планинска спасителна служба. Во Македонија се работи на воспоставување на национален систем а изработено е и законско решение кое години наназад за жал нема епилог.

Бројот на несреќи постојано се зголемува а со тоа и потребата од спасители,Планинарската спасителна служба во Охрид има околу 35 интервенции.

Во Националниот сојуз за планинско спасување на Македонија во моментов членуваат 12 организации и повеќе од 250 волонтери.