Нема повеќе тајни: Фејсбук може да дознае колку пари имате

Во јуни 2016 година компанијата „Фејсбук“ поднела барање за патентна заштита на алгоритам за предвидување на богатството на корисниците на социјалната мрежа. Информацијата за поднесувањето на ваквото барање во јавноста се појави во февруари годинава, кога одделот за патенти во САД објави документи во врска со тоа.
Ваквиот алгоритам би користел податоци дадени со согласност на корисниците, добиени преку низа прашања, но исто така податоци добиени преку несвесна употреба на „Фејсбук“.
Онлајн системот користи класификатори за предвидување на социо-економската група во која припаѓаат одредени корисници. Класификаторите користат модели кои се дизајнирани во согласност со информации за корисниците, како што се демографски податоци, сопственост на уреди, употреба на интернет итн. Глобалните податоци може да се соберат преку прашалници за истражување на пазарот“, се вели во објаснувањето.
„Класификаторите врз основа на информации за корисниците ја пресметуваат нивната социо-економска група. Внесените податоци зависат од профилот на корисникот, но и неговите активности додека е вклучен на мрежата. Така ќе се определи неговиот социо-економски статус и без употреба на податоци за неговите приходи. Потоа, социјалната мрежа ќе креира содржина во зависност од припадноста на корисникот во одредена социо-економска група“, се наведува во описот.
Се наведува дека фактот што „Фејсбук“ располага со патент на овој алгоритам не значи и дека ќе го користи. Впрочем, тие го имаат од 2016 година, но досега не го користеле. Покрај тоа, не е сто проценти сигурен, туку станува збор само груба проценка.
Ново на Сител
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
