Нема повеќе сида иако не пие лекови: Оваа девојка е медицински феномен!
Тинејџерка од Франција (18) која по раѓањето е заразена со ХИВ, веќе 12 години не пие лекови, а вирусот во нејзиниот организам и понатаму е во ремисија.
Во медицината, ремисијата е период кога настанува одсуство од активноста на болеста.
Нејзините резултати, кои преставууват прв светски извештај за долгорочна ремисија на ХИВ кај деца, ги преставија доктори на МРС конференција во Ванкувер.
Осумнаесетгодишната тинејџерка е родена 1996 година, а со ХИВ е заразена од нејзината мајка пред самиот крај на бременоста или по породувањето.
Кога имала само три месеци примила четири терапии на антивирусни лекови, а нејзините родители одлучиле да прекине со лечење откако наполнила шест години.
12 години подоцна, нивото на вирусот во нејзината крв било толку ниско што било невозможно да се измери.
Ова представува еден од најголемите докази за предноста на раното лечење на ХИВ, и е прв документиран случај кој покажува долгорочно одсуство на вирусот.
Докоторт Асиер Саез - Цирион, од институтот Пастер во Париз, рекол дека 18-годишната тинејџерка живее сосема нормален живот.
- Нејзиниот случај е единствен, но сепак остана незабележан дури и меѓу лекарите во Франција - вели Цирион.
Професорот Шерон Левин, од Универзитетот во Мелбурн вели дека случајот со француската тинејџерка треба да биде јасна стимулација за примање на антитерапии што е можно порано.
- Ова е нспиративна сторија за сите нас кои работиме во оваа област, но и за сите оние кои живеат со ХИВ - вели Левин.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
