-->
-->
Нејмар: Можеби еден ден ќе заиграм во Премиер лигата
-->

Иако неодамна Нејмар го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, сепак бразилскиот напаѓач не ја крие можноста да заигра во англиската Премиер лига.
- Премиер лигата ме воодушевува. Ги сакам англиските клубови и нивниот стил на игра. Кој знае? Можеби еден ден ќе играм во Англија, изјавил Брилецот во интервју за весникот „Сан“.
Како главна причина Нејмар ја наведува неизвесноста која ја носи секој меч во Премиер лигата каде секоја екипа може да победи секого и дека во самиот финиш не се знае кој може да ја освои шампионската титула.
Нејмар веќе има и свои фаворити во кои се гледа како нивен член.
- Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, тоа се клубови во кои се гледам. Се борат до последната секунда. Но, да не заборавиме дека во Англија има и тренери од висок профил како Мурињо и Гвардиола. Тоа се тренери со кои секој играч би сакал да соработува, дополнува Бразилецот.
Нејмар на „Камп Ноу“ дојде летото 2013 година, а досега за Барселона 176 натпревраи на кои постигна 99 годови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид
-

Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
-

Фудбалската асоцијација на Ирска ја повлече својата поддршка за реизборот на Инфантино
-

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро
-

Скопјанец пронајден мртов во својот дом, полицијата ги утврдува околностите
-

Три зрна од огнено оружје пронајдени на две локации во Куманово
